Владата одобри 80 милиони денари за решавање на проблемите со Дојранското и Преспанското Езеро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На денешната седница на Владата се донесени дополнителни одлуки за одобрување средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година за решавање на проблемите со Дојранското и Преспанското Езеро.

Владата одобри средства во износ од 40.000.000 денари на Општина Дојран, за решавање на проблемот со состојбата на Дојранското Езеро и 40.000.000 денари на Општина Ресен, за решавање на проблемот со состојбата на Преспанско Езеро.