Алтернатива ја зазема функцијата на Грковска! Ова беше насловот кој синоќа ги преплави порталите навестувајќи дека Алтернатива може повторно да стане дел од Владата. Поради оваа причина реагираше Орхан Муртезани од оваа партија, кој на социјалите мрежи ги демантираше овие вести. Но, која е причината поради која, според Муртезани, се шират вакви дезинформации во јавноста?
„Главните актери во власта имаат многу причини за страв. Една од причините е секако стравот од предлогот на Алтернативата за спречување на застареност на кривичните дела од политичката корупција. Затоа, голем број функционери на ДУИ и на СДСМ планираат да го спречат потенцијалот за консолидација на албанската опозиција. Но, ништо не може да ги запре процесите кои се неопхопдни за промена на власта“, вели Орхан Муртезани.
Муртезани додава дека граѓаните се одлучни на следните избори да и ја доставаат на оваа Влада сметката за неодговорното, расипничко и корумпирано владеење, ставајќи крај на можноста за нивно враќање во Владата.
Дека не постои можност за враќање, туку можност за соработка меѓу Алтернативата, Движењето Беса од Огнената група, кое веќе функционира како фракција во рамките на ДУИ, потврди и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши.
-Дали можете да кажете подиректно? Вашата Алтернатива и вие како претседател би соработувале со Беса и Огнената група доколку се отцепи од ДУИ?
Африм Гаши: „Јас зборувам за политичката желба и дејствување, нешто што според нас би било успешно и како би се стигнало до целта за која зборуваме“.
-Дали има услови за да се постигне такво нешто?
Гаши: Нема да има услови!
-Значи безусловна соработка меѓу трите партии?
„Да!“
И претседателот на Движењето Беса, Билал Касами пред извесно време изјави дека е подготвен да соработува со сите опозициски партии
„Сега е појасно, Движењето Беса е во опозиција и е подготвена и ќе соработува со сите опозициски сили“, вели Биљал Касами.