Владата утре ќе се произнесе на предлогот на Комисијата за заразни болести да има полициски час од 22 до 05 часот на територијата на целата земја.
Но, се поизвесно е дека повторно ќе има ограничување на движењето на граѓаните навечер.
Министерот Филипче на денешната средба на Комисијата образложи дека овој предлогот е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.
Комисијата дополнително ќе се изјасни од кога ќе почне применувањето на полицискиот час, односно откако Владата ќе донесе конечна одлука. Веројатно тоа ќе се случи во текот на оваа недела.
