Владата постојано ветува нови железнички линии, а тие што ги имаме можно е да бидат прекинати.
-Иако линијата Скопје-Табановце се уште фигурира на мониторот на железничката станица во Скопје, всушност таа е во прекин од 4 јануари оваа година, а од Македонски железници велат дека се очекува прекин и на други линии-вели репортерката на ТВ21.
Причината за тоа е недостигот од машиновозачи, велат од “Македонски железници“.
Цветковиќ додава дека возраста на повеќето вработени е за пред пензија, затоа постои опасност од прекин и на други железнички линии, односно не се вработуваат нови машиновозачи.
За ова прашање ТВ21 упати прашање и до Министерството за финансии , кога ќе се даде согласност за нови вработувања.
-Во врска со доственото прашање Ве информираме дека по ова прашање ќе се постапи откако на седница на Влада на РС Македонија ќе се разгледа Финансискиот план за 2023 година на Македонски Железници – Транспорт за 2023 година-велат од министерството за финансии.
Додаваат дека Министерството за финансии согласно законски одредби само ги известува буџетските корисници во рамки на буџетот или финансиските планови за тековната фискална година дали се обезбедени финансиски средства за реализација на нови вработувања.