Владата гордо зборува за намалување на цените, но граѓаните велат дека не го чувствуваат тоа. Додаваат дека поевтинувањето од 3 или 4 денари нема да им помогне во справување со кризата.
-Не.
-Воопшто?
-Воопшто.
-Нема намалување на цени, какво намалување? Еве сега купив мандарини, толку се колку што беа, и компирите, исто и месото. Ги слушам што зборуваат, но така им одговара. Има луѓе со многу ниски плати и крај со крај не можат да врзат. Јас земам 25/26 илјади и едвај излегувам накрај. 5-6 илјади веднаш давам за трошоците во станот, потоа што ми останува за јадење, што?
-Не, нема поевтинување. Ние пензионерите се снаоѓаме некако, не ни треба многу нам. Најтешко е за младите, затоа си заминуваат. Но, тоа е живот, ќе туркаме некако.
-Не. Воопшто. Јас немам видено. А да, лебот е намален за 3,4 денари и зејтинот околу 20, колку што забележав. Другото не.
-Намалување? Не толку. Не се забележува. Сега за сега не се забележува. Ако одиш да купиш нешто, можеби само малку.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците за живот на граѓаните во декември 2022-ра бележат зголемување за 18,7% во споредба со истиот месец 2021 година.