Владимир Чадиковски можен кандидат за градоначалник за Скопје, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Доктор Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија, ТВ21 дознава дека e еден од можните кандидати за градоначалник кој би бил поддржан од ВМРО-ДПМНЕ е токму Чадиковски.

Според информациите Чадиковски имал добар рејтинг според последните анкети направени од неколку агенции.

Дополнително, Чадиковски би поминал добро и меѓу албанските гласачи, а според изворите доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да договори коалиција со Алијанса за Албанците и Алтернатива за локални избори, во тој случај Чадиковски би бил следниот градоначалник на Скопје, покажуваат анкетите.

Инаку, од СДСМ и ДУИ веќе неколку пати изјавуваат дека можен е заеднички нивен настап за локалните избри.