Владимир Путин: Украина мора да одржи претседателски избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина треба да одржи претседателски избори по истекот на петгодишниот мандат на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе Ројтерс.

Зеленски не се кандидираше на воени избори и покрај истекувањето на неговиот мандат, нешто што тој и сојузниците на Киев го гледаат како правилна одлука.

Путин изјави дека единствената легитимна власт во Украина во овој момент е парламентот и власта треба да му се предаде на неговиот претседавач.

Ројтерс: Путин подготвен да ја прекине војната во Украина

Рускиот претседател, исто така, рече дека Западот ја испровоцирал неодамнешната руска офанзива во регионот Харков во Украина, игнорирајќи ги предупредувањата да не се дозволи украинско гранатирање на соседниот руски регион Белгород.

Украинските напади на руска територија со оружје што му се доставува на Киев од Запад се можни само со помош на експерти од западните земји, додаде шефот на државата, укажувајќи дека тоа може да доведе до сериозни последици.

Според него, Русија никогаш не одбила да учествува во мировните преговори со Украина и е подготвена да ги одржи, се додека самата Украина е страна во преговарачкиот процес.

Путин е на мислење дека француското воено присуство во Украина е чекор кон глобален конфликт. Според него, француските платеници веќе долго време се во Украина. Париз постојано ги негираше руските обвинувања за ова прашање, додека во исто време францускиот претседател Емануел Макрон не ја исклучи можноста во иднина да испраќа воени инструктори во Украина, потсетува Ројтерс.

Рускиот претседател се осврна и на темата талибанците да владеат со Авганистан.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека талибанското движење е „вистинската сила“ во Авганистан и дека потенцијалното отстранување на организацијата од листата на забранети организации на Москва ја одразува „објективната реалност“.

Коментирајќи го признавањето на Талибанците како легитимни владетели на Авганистан и нивното отстранување од руската листа на терористички организации, Путин денеска изјави дека Русија треба да го земе предвид мислењето на Авганистан и да гради односи со таа земја.