Министерот за надворешни работи Бујар Османи во кусото обраќање до јавноста повика на смиреност и одговорност во однос на очекуваниот почеток на преговорите со Европската унија и условувањата од Бугарија за преговарачката рамка.
„Премногу вложивме, премногу постигнавме и, што е најважно, премногу сме блиску за да си дозволиме да ја пропуштиме оваа шанса“, порача Османи.
Тој во изјава на ТВ21 зборуваше и за тоа дека копретседавањето со Берлинскиот процес е всушност идеја за Бугарија да биде промотор на европската иднина на регионов.
„Заедничкото претседавање со Бугарија со Берлинскиот процес беше измислено за да го запише заедничкиот успех, за да се потврди улогата на Бугарија во враќањето на европската идеја во регионот. И договорите како основа за понатамошниот прогрес на европската агенда во Западен Балкан, беше идеја зошто Софија и зошто точно во овој момент и зошто ко-претседавачи се РСМ и Бугарија. Затоа сите треба да бидеме свесни за тоа што сме инвестирале и кои се последиците од неуспехот на овој процес за сите нас, за Република Бугарија, за ЕУ, но и за нас и за внатрешните процеси овде. Тоа ми дава оптимизам, волја и надеж дека ќе ја искористиме секоја минута до моментот кога ќе се донесе одлука за официјален почеток на преговорите“, посочи Бујар Османи.
