ВЛТ го раскина договорот за спонзорство со ФФМ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Државна видеолотарија испратила известување до Фудбалската федерација на Македонија дека го раскинува договорот за спонзорство, дознава ТВ21.

„Ве известуваме дека во насока на член 9 став 2 и 3 еднострано го раскинуваме горецитираниот договор со отказен рок од 3 (три) дена од приемот на ова на ова писмено известување“, стои во известувањето испратено од Државна видеолотарија до Фудбалската федерација на Македонија.

„Поради настапување на непредвидени услови кои давателот не можел да ги очекува ги очекува и предвиди пред неговото склучување, а кои произлегуваат од Автентичното толкување на членот 7 од Законот за игри на среќа и за забавните игри од страна на Собраниетона Република Северна Македонија, Службен весник на РСМ бр.168 од 14.08.2024 година, поради што настпуваат промени и во финансискиот план на Друштвото“, се додава во известувањето во кое увид имаше ТВ21.

Таму уште се додава дека нема да бидат доисплатени средствата согласно утврдената динамика, а обврската на примателот останува да продолжи со промоција на име фирма и заштитен знак на Државна видеолотарија.