И денеска продолжија реакциите за споменикот во чест на паднатите борци на ОНА, кој вчера беше свечено откриен во Слупчане, општина Липково. Како што се чини, ова спомен обележје најтешко „ѝ падна“ на партијата ВМРО-ДПМНЕ која денеска на прес-конференција вчерашниот настан го нарече приватна забава на ДУИ. Опозициската партија со директни обвинувања на адреса на премиерот Димитар Ковачевски поради тоа што дозволил вакво нешто.
Но, првиот вицепремиер Артан Груби, вели дека спомен кулата не е никаква провокација, туку дел од историјата на земјава.
Од друга страна, поранешниот командант на АРМ во 2001 година, Стојанче Ангелов, побара да не се крева непотребна меѓуетничка тензија во врска со подигањето на споменикот на ОНА. Тој преку фејсбук-статус порача дека секоја страна треба да ги чествува паднатите борци.
