ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Соравија – Спасовски: Може да се провери финансискиот тек на продажбата на центарот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јавното обвинителство може да отвори истраги и да ги провери податоците како Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, стекнал 39 отсто од сопственоста во ТЦ „Соравија“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој вели дека ваквите информации и податоци даваат можности за отворање на контролната постапка. Запрашан дали ќе има некаква одговорност, министерот рече дека се што ќе излезе и е спротивно законите, треба да одговара, без разлика дали се работи за политичари.

Обвинувањата на опозицијата за Дрин Ахмети продолжија и денеска. Пратеникот на оваа партија, Драган Ковачки, го повика Обвинителството и надлежните органи вендаш да отворат истрага за Дрин Ахмети, кој вчера изјави дека поседува 39 отсто од акциите на ТЦ Соравија.

Бизнисменот Дрин Ахмети, внук на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, вчера даде информации за купувањето на трговскиот центар „Соравија“, но не и за вкупната сума на договорот, кој се очекува да биде објавен во септември. Уверува дека за купување на овој објект не платил ниту цент, туку дека е повлечена кредитна линија од 6 милиони евра. Дрин Ахмети според овој договор ќе поседува 39 отсто од акциите. 51% ќе биде во сопственост на компанијата PE-VLA-KU, додека 10% ќе остане кај сегашниот сопственик Хано Соравија.