Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција истакна дека бараат итна средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски во 15:30 часот.
Мицкоски вели дека претседателот Пендаровски без доказ или потврда за поседување на парламентарно мнозинство од најмалку 61 пратеник го доделил мандатот на Зоран Заев и со тоа го прекршил Уставот.
