Нема учебници за сите ученици и тие кои се делат се скинати и стари. Царовска жртвува уште една друга генерација, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од ова партија бараат оставка од Министерката за образование, Мила Царовска бидејќи, како што велат, таа го уништува образованието.
Но, Царовска не ги прифаќа овие обвиненија. Учениците имаат учебници и таблети, но наставата не значи учебник, цели таа.
Инаку, вчера започна учебната година, која за разлика од минатата година се одвива со физичко присуство. Оваа година учениците од прво и четврто одделение, покрај печатени книги, ќе учат и од дигитални книги, значи од таблет.
