Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција истакна дека Владата треба итно да прогласи кризна состојба.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ презентираше и сет мерки за заштита на здравјето и превенција за граѓаните.
Тој додаде дека во сет мерките ќе има и решение во месец март како да се санираат штетите.
Субвенционирањето на трошоците на работодавците, замрзнување на сите активности кои компаниите ги имаат кон Владата, бесплатно лекување на заразените со коронавирусот се само дел од мерките кои ги предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На поставеното новинарско прашање дали ќе го поддржат претседателот на државата во однос на неговата иницијатива и донесување на дополнителните мерки, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, одговори позитивно.
Во однос на одложувањето на изборите Мицкоски вели дека сега е важно да се одложат големите собири, а подоцна ќе се размислува за изборите. Се согласува со претседателот на државата дека во овие моменти најважно е здравјето на граѓаните.
