ВМРО-ДПМНЕ е победник во првиот круг на локалните избори во 2025 година. Владеачката партија освои 32 градоначалнички места по првиот круг од локалните избори според податоците објавени од Државната изборна комисија по избројани повеќе од 99% од гласовите.
Според резултатите, ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници во: Битола, Велес, Штип, Струмица, Прилеп, Охрид, Делчево, Радовиш, Кавадарци, Вевчани, Свети Николе, Новаци, Берово, Василево, Карбинци, Кратово, Градско, Демир Хисар, Пехчево, Ново Село, Ресен, Јегуновце, Гевгелија, Босилово како и скопските општини Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Илинден, Бутел, Петровец, Зелениково и Сопиште.
ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 53 општини, но ќе има и втор круг на избори.
Кандидатите на ВЛЕН (Вреди) победија во Чаир, Арачиново, Желино, Сарај и Теарце. НАИ освои четири градоначалнички места по првиот круг, победувајќи во Гостивар, Чашка, Липково и Пласница. СДСМ освои три градоначалнички мандати по првиот круг, и тоа во Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани.
Изборите не успеаја во три општини поради недоволен одѕив на гласачите, и тоа во Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше каде ќе има прегласување.
Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје во првиот круг имаше убедливо водство пред конкурентот Амар Мециновиќ од Левица, но таму ќе има втор круг. По првиот круг, Ѓорѓиевски имаше 91.582 гласа, или повеќе од 60.000 пред Мециновиќ кој доби 30.659 гласови.