ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев со оставка ќе спасат животи; СДСМ: Опозицијата не престанува да ја користи несреќата на граѓаните за партиски цели

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ бараат оставки од министерот за здравство Венко Филипче, и од премиерот Зоран Заев поради пандемијата со коронавирусот.

„Филипче и Заев се директно одговорни што луѓе умираат поради недостаток на кислород и места во болниците, со оставка ќе спасат животи.

Филипче за девет месеци од почетокот на епидемијата со корона покажа и докажа само едно нешто – дека е неспособен и дека не знае да се справи со последиците од корона кризата.

Резултат на неспособноста на Филипче се повеќе од 1500 починати лица или поточно 1511 граѓани.

Или Македонија во регионот и во во Европа по бројот на починати на милион жители е на врвот на листите.

Филипче за девет месеци не обезбеди болнички кревети, граѓаните ги остави да чекаат по ходниците, ама и да умираат по ходниците на болниците, ги остави без доволно и без соодветна терапија, нема кислород за болните или се чека по неколку саати што завршува погубно по животите на граѓаните.“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Вратија од СДСМ од каде соопштија дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја злоупотребуваат несреќата на граѓаните поради партиски цели.

„Очајниот губитник Христијан Мицкоски не престанува да ја злоупотребува несреќата на граѓаните заради дневно партиски цели.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од почетокот на пандемијата па до сега, не донираа ниту еден денар, 11 години го уништуваа здравствениот систем, го газеа достоинството на лекарите, а сега очајно се обдуваат политички да профитираат на несреќата на граѓаните.

Денес, оваа партија предводена од некрофилот Мицкоски секојдневно ги деградира лекарите, здравствените работници, кои посветено, стручно и без да се штедат со месеци се борат со коронавирусот.

Наместо конструктивни решенија, ВМРО-ДПМНЕ прави мрачни перформанси на кои се подбива со нескреќата на граѓаните и ги навредува здравствените работници.

Осум месеци, граѓаните, здравствените работници, институциите, целиот свет, постојано се борат против коронавирусот. Осум месеци, ВМРО-ДПМНЕ само прави штета и го поткопува здравствениот систем. Со таков однос кон граѓаните и јавното здравје, нека не се чудат зошто се во опозиција, уште долго ќе останат таму.“, соопштија од СДСМ.