ВМРО-ДПМНЕ: Формирано е ново мнозинство во Советот на Град Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека преку досегашната парламентарна опозиција во македонското собрание, партијата обезбедила мнозинство од 24 советници во Град Скопје, од вкупниот број 45 советници.

„Ја известуваме јавноста дека досегашната парламентарна опозиција во македонското собрание, преку освоените советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбедија апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на град Скопје.
Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население.

Со ова, обзнануваме дека актуелната владина коалицијата на СДС и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје. Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Град Скопје и на неговите општини.“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.