Пет жалби се поднесени до ДИК за процесот на гласање во Општина Чашка. Од нив, четири се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, две за Горно Јаболчиште и една во Долно Јаболчиште. Една жалба во селото Мелница, поднесена од страна на СДСМ. Приговорите се за процесот на гласање, односно не работела биометриската опрема, а се гласало преку списокот на избирачкото место.
Кандидатот на НАИ, Суат Шаќири, кој победи во трката уште во првиот круг, се сомнева дека овие приговори се поднесени само врз етничка основа. Шаќири за TV21 изјави дека за време на процесот на гласање немало никаков приговор од страна на членовите на избирачките одбори ниту од набљудувачите на ОБСЕ-ОДИХР. Тој додаде дека граѓаните гласаа за 6 советници Албанци од 11 колку што беа во општината.
-Сигурно дека е така, бидејќи вистината излезе на површина, за чудо во сите останати населени места каде што живеат Македонците, не се контестирани, сè е во ред, а само во населенијата со Албанци гласањето било манипулирано! Ова е една чиста лага, институционална манипулација, затоа апелирам до надлежните органи, до највисоките институции и политичките претставници, како и до членовите на ДИК, да се третира оваа работа професионално и без пристрасност, како посебен случај за набљудување на ситуацијата, вели Суат Шаќири, кандидат на НАИ за претседател на Чашка.
Од страна на Државната изборна комисија денес нема детали за оваа ситуација. Состанокот ќе се одржи утре, на кој ќе се дискутира и за случајот на Чашка, додека за денес изјавија дека до 15:00 часот биле поднесени 17 приговори за постапката на гласање на 19 октомври и 28 жалби за потврдување на резултатите во некои општини.
-Досега до ДИК се поднесени вкупно 17 жалби за постапката на гласање на избирачки места во општините Долнени, Бутел, Виница, Чашка, Кривогаштани и Богданци. Додека за постапката за сумирање и потврдување на резултатите досега се поднесени 28 жалби за општините Шуто Оризари, Босилово, Прилеп, Гази Баба, Чашка, Аеродром, Долнени, Арачиново, Бутел, Гостивар, Кривогаштани и Богданци, вели Авдуш Демири, потпретседател на ДИК.
Рокот за поднесување жалби од политичките партии, коалиции и независни кандидати истекува до вечерва до 22:00 часот. Државната изборна комисија се очекува утре да одржи седница за разгледување на жалбите, а потоа да бидат објавени на јавноста.