ВМРО-ДПМНЕ: Ја поддржуваме одлуката директорот на Клиниката за неврологија да биде разрешен, институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во врска со објавите на социјалните мрежи, за директорот на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува одлуката да биде разрешен од функцијата.

„Немаме сомневање дека јасно и недвосмислено институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури.

Извршувањето на јавна функција носи конкретни обврски и одговорности.

Нашата заложба е правилата и законите да важат за сите подеднакво и управувањето на институциите мора да биде во согласност со вредносниот систем на одговорност за кој се залагаме и ќе продолжиме да се бориме“, велат од партијата.