ВМРО-ДПМНЕ на Конвенција ги претстави кандидатите за пратеници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорката Гордана Силјановска Давкова, носител на Изборна единица 1 на Конвенција за преставување на кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ истакна дека со Заев добиле монархија, а сега е време за револуција на умовите и промени.

„Ги учам студентите дека нема демократија без поделба на власта. Во оваа држава, во овие три години не само што исчезна поделбата на власта, туку добивме републиканска монархија со неа не се оди во Европа. Ги учам студентите дека собранието е демократска школа, не нашето Собрание е демократска руина. Затоа мислам дека ако во името на ВМРО-ДПМНЕ го има и зборот револуционерна, придавката револуционерна далеку се времињата кога со пушки многумина гинеле и се бореле за Македонија“, посочи таа. 

На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ се обрати и потпретседателот и носител на 2 изборна единица Владо Мисајловски кој порача дека оваа обнова сите ние мора да ја спроведеме, и сите лаги мора да ги победиме.

„Аплауз за сите овие прекрасни луѓе што ќе ја донесат обновата во Македонија, се надевам дека многу скоро ќе ги фрлиме сите оделата и ќе се посветиме на многу работа“, истакна тој. 

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на Изборна единица 3 изјави дека една земја е успешна колку што нејзиниот народ е среќен.

„Жалам што мора да кажам дека Македонија никогаш не била понеуспешна, а народот понесреќен а причината за тоа е овој хибриден режим на оваа криминално рекетарска банда на власт и таа има свое име и презиме а тоа е Зоран Заев“, појасни Јанушев