ВМРО-ДПМНЕ на протест со автомобили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денес 23-ти Октомври-Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организираше протест со автомобили против „мафијата за правдата и слободите“.

Протестот започна во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром по што ќе финишира пред Собранието на Република Македонија каде ќе се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ проф. др Христијан Мицкоски.

По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

? Протест на ВМРО-ДПМНЕ

? Протест на ВМРО-ДПМНЕ

Gepostet von TV21 am Freitag, 23. Oktober 2020