ВМРО-ДПМНЕ: Нема Европа дома кога Заев е премиер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ се огласи по повод агендата „Европа дома“ која ја промовираа денеска премиерот Зоран Заев, и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Од опозицијата велат дека таква агенда не постои се додека Заев е премиер.

„Агендата „Европа дома“, е агенда за надвор од Европска Унија која Заев ја ветуваше. А, Европа не може дома додека криминалец како Заев кој е профитер дури од корона криза е премиер.

Агендата „Европа дома“ е нов неуспешен „План 3-6-9“,„План 18“, „Акција 21“, и какви ли не уште имиња ќе чуеме.

Факт е дека ништо суштински не е преземено, а Заев потроши нови четири години тапкање во место.

          Европа ќе дојде, кога народот за брзо ќе испорача план Заев дома, а потоа одговорноста ќе дојде неминовно.“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.