ВМРО ДПМНЕ прашува: Што крие Шилегов?! – Градоначалникот на Скопје со одговор: Опозицијата измислува скандали

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Милиони евра наши пари преку крајно сомнителни тендерски постапки, потрошиле министерствата, јавни претпријатија и општините во изминативе 4 години, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ. Од таму велат дека институциите на власта на СДСМ склучиле милионски договори, за кои подоцна не го испочитувале законот и не го објавиле договорот и сумата на страницата на Бирото за јавни набавки. Потенцираат дека иако затоа законот ги обврзува, тие ги кријат договорите.

„Според информациите кои дојдоа до нас, Петре Шилегов во изминатиов период склучил неколку договори во вкупна вредност од 800.000 евра, без притоа истите да ги објави на страната на Бирото за јавни набавки. Што крие Шилегов и зошто не се објавени овие договори? Според наши сознанија Министерството за транспорт и врски во изминативе 2 години склучило 4 договори во вкупна вредност од 297.000.000 денари, односно околу 5 милиони евра, за кои не е испочитуван законот и не ги објавило на увид на јавноста. Што криеле министрите за транспорт и врски поставени од Заев?“, истакна пратеникот Бојан Стојаноски.

На обвинувањата градоначалникот на Град Скопје, Шетре Шилегов одговори дека ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на понуда за граѓаните, се обидува да креира скандали.

„ДПМНЕ во изминатите три и пол години не успева, бидејќи не постои, да создаде скандал во институцијата Град Скопје, ниту да врзе некаков скандал со мене како градоначлник. Јас сум свеен, но и скопјани се свесни дека веќе влегуваме во предизборите за локалните избори. Очигледно немајќи понуда и начин како да одговорат на новите градски политики и активностите на градот, ќе се обидат да креираат скандали како што беше противпожарната скала или денешното обвинување дека не сме објавиле тендер за чистење на депонијата во Визбегово“, истакна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Тој нагласи дека овие напади се очекувани во предизборие, затоа што немаат понуда за граѓаните, поради што, како што рече, ќе се обидат да создадат слика дека тој е кримиалец или дека во Градот не се работи исправно. Од ВМРО ДПМНЕ ја повика Државната комисија за спречување на корупција и Јавното обвинителство веднаш да отворат случај и да се утврди зошто не е почитуван законот и дали станува збор за местење тендери.