ВМРО-ДПМНЕ: Реформите на Филипче се само празна реторика, потребно е партијата да го искорени заевизмот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ смета дека најавените реформи на претседателот на СДСМ се само празна реторика, и вели дека е потребно оваа партија да го искорени, како што велат, „заевизмот“.

„Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните избори годинава, каде партијата освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, а покрај ова  ги изгуби и  своите некогашни  бастиони.

Претседателот на СДС, Венко Филипче, постојано најавуваше реформи во структурите на партијата. Но ваквите негови изјави, затоа што предолго само се најавуваат, а не се случуваат, со тек на време станаа само празни зборови.

И наместо вистинска реформа, гледаме само континуитет на истите штетни пракси што ја доведоа првично партијата до оваа состојба во која се наоѓа денес денес.

Оттука, може да се заклучи дека заевизмот и понатаму доминира во СДС, и се додека  Филипче и неговиот ментор управуваат со СДС, партијата ќе продолжи да биде партија во слободен пад.

Јасно е дека, доколу СДС не се консолидира, не се реформира, и целосно не го искорени заевизмот од своите редови, партијата ризикува целосно да престане да постои како дел од македонската политика.

Најавите за реформи на Филипче не се доволни сами по себе и се потребни конкретни чекори. Затоа, неговата оставка е единствен логичен чекор, и воедно е прв услов за СДС да има било каква иднина и можност за реформи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.