ВМРО-ДПМНЕ слави победа во Прилеп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Голем број членови, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во центарот на Прилеп и низ улиците ја прославуваа, како што велат, големата победа на локалните избори во Прилеп.

Според Дејан Проданоски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој е и носител на советничката листа, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата, Борче Јовчески е во убедлива предност во однос на другите кандидати.

Од околу 70 насто од преброените гласови, нашиот кандидат Борче Јовчески е во предност од 59000 гласови и најверојатно победуваме уште во првиот круг од локалните избори, а што се однесува до бројот на советници, имаме освоено најмалку 15 советнички места. Ова е навистина голема победа, изјави Проданоски.

Членовите, симпатизерите и граѓани се собраа околу камената бина на плоштадот Александрија каде ќе има обраќања.

Кандидатот за градоначалник Борче Јовчески упати порака до граѓаните, заблагодарувајќи се на поддршката.

-Благодарам за поддршката на сите граѓани. Најавувам дека веднаш ќе почнам со реализацијата на сите ветени проекти од изборната програма за подобро и за промени во Прилеп, изјави Јовчески.