ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да си поднесе оставка веднаш

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На оваа фотографија нема ниту една билка

Фотографијата која ја гледате, од прва може ви делува како има неколку билки. Меѓутоа верувале или не, на него...

Дневен хороскоп за понеделник (8. март 2021)

ОВЕН Работа: Во случај да сте правник, конечно, судскиот процес кој се оддолжи се завршува во ваша корист. Љубов: Вљубени...

Претпладне сончево, попладне со поголема облачност и дожд во делови од земјата

Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаба магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми...

Наскоро ќе користиме банани за управување со видео игри

Компанијата „Сони“ поднелa барање за патент наречен „систем и метод за генерирање на кориснички внесови за видео игри“, кои...

Не ја користете левата рака, не одбивајте овошје, не го солете јадењето… 7 работи кои треба да ги избегнете во други држави

За да не излезете дека сте непристојни во некои држави кога патувате низ Светот, добро е да знаете некои...

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по повод случувањата со Сашо Мијалков кој од завчера е недостапен за органите на земјата.

„Оливер Спасовски да си даде оставка веднаш! Додека Спасовски ажурира членство по куќи Сашо Мијалков му побегна пред очи. Иако институциите знаеле уште од саботата дека постои опасност да бега МВР 24 часа не преземале ништо и чекале да побегне.

Според информациите кои излегоа во јавноста институциите знаеле уште во саботата во 16 часот дека постои опасност од бегство на Сашо Мијалков, но не преземале ништо. Чекаа да помине цел ден и Мијалков да избега.

Доколку Спасовски знаел дека Мијалков ќе бега, зошто не ги преземал сите неопходни мерки против негово бегство?! Зошто дозволил Мијалков да побегне?!

Со самиот факт што Спасовски знаел за бегството на Мијалков и не преземал ништо говори дека Спасовски свесно го пуштил Мијалков да избега.

Постои основан сомнеж дека има договор Заев – Спасовски – Мијалков за бегството на Мијалков и Спасовски мора веднаш да си даде оставка.

Секој поминат ден на чело на МВР е штетен за државата. Оставка веднаш.“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.