ВМРО-ДПМНЕ утре повторно на протест

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска преку видео обраќање истакна дека утре ќе се организира протест кој ќе започне во 12:30 часот пред Владата и пред Министерството за надворешни работи.

„Утре, 1-ви декември, од 12:30 – 14:00 часот, ве повикувам на протест пред Владата и МНР. Блокада на Скопје и обединување, за да не биде предоцна!“, посочи Мицкоски.