Иако имаше голем број на притисоци, тргнуваме во трка за освојување на нова Влада, рече по полноќ генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Јанушев додава дека трката е тесна и дека треба да се почекаат официјалните податоци целосни, објавени од страна на ДИК.
На новинарско прашање со која политичка партија од албанскиот блок би коалицирале, Јанушев не одговори.
