ВМРО со протест во Софија – „Македонија нема место во ЕУ додека не ги гарантира правата на Бугарите“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ВМРО денеска организираше протест за заштита на бугарскиот национален интерес во Северна Македонија.

Протестот го организираше младинската организација на партијата.

Тие излегоа со плакат на кои стоеше „Не ја предавај Македонија“

Демонстрантите ѝ кажаа на Владата дека интересот на Бугарија „не е на продажба“ за визи и авиокомпании и дека историјата на двете земји е заедничка.

Тие, исто така, инсистираат на тоа дека Северна Македонија нема место во ЕУ додека не ги гарантира правата на луѓето со бугарски идентитет во земјата.