„ВМРО соработуваше со Албанците“ – Фрчковски: Оваа историја треба да ја учиме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Учениците во книгите по историја воопшто не учат за соработката на Македонската револуционерна организација ВМРО со Албанците пред 1945 година, рече универзитетскиот професор, Љубомир Фрчковски во емисијата „Клик Плус“.

Тој додаде дека Албанците и Македонците имале заедничка војска, но за жал, како што вели, овој дел од историјата е сокриен.

Фрчковски говореше околу спорот на нашата земја со Бугарија. Вели дека источниот сосед бара опасен преседан и додава дека ако Бугарија попушти, тогаш ЕУ ќе реагира, бидејќи не може да се преговара за јазикот и идентитетот.

Меѓу другото,Фрчковски рече дека нашата земја во период 1992-1996 била центар на ЦИА. Присуството на Американците при независноста во 1992 година овде во тензијата со Србија, практично центарот на ЦИА беше во Македонија од 92-ра до 96-та, за време на војната во екс-Југославија, заклучи Фрчковски.