Внимателно на Волстрит, никој не сака да ризикува

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска на Вол Стрит се тргува внимателно бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици пред новите податоци за инфлацијата, извештајот на претседателот на ФЕД Џером Пауел и првите квартални деловни резултати на компаниите и банките.

Индексот Dow Jones загуби 0,08 отсто, на 39.344 поени, додека S&P 500 порасна за 0,10 отсто, на 5.572 поени, а Nasdaq 0,28 отсто, на 18.403 поени. Малите движења на индексот се резултат на претпазливоста на инвеститорите пред новите податоци за инфлацијата во САД.

Во четврток ќе биде објавен извештај за потрошувачките цени во јуни, а во петок извештај за цените на производителите. Инвеститорите се надеваат на натамошно ублажување на инфлаторните притисоци, што би отворило простор за американската централна банка да ги намали каматните стапки.

Пазарот на труд слабее

Податоците за вработеноста во САД објавени во петокот покажаа дека пазарот на труд постепено слабее, што може да доведе до намалување на притисокот врз растот на платите и потрошувачката, што пак би довело до слабеење на инфлаторните притисоци.

Благодарение на ова, зајакнаа пазарните шпекулации дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки веќе во септември. Но, челниците на ФЕД во последните месеци велат дека инфлацијата се уште е над целта од 2 отсто и дека треба да бидат трпеливи за намалување на каматните стапки.

Поради оваа причина, извештајот на претседателот на ФЕД Џером Пауел до Конгресот за состојбата на економијата ќе биде внимателно следен оваа недела. Дополнително, на крајот на неделата започнува сезоната на објавување на кварталните деловни резултати на компаниите и банките.

Што велат аналитичарите?

Аналитичарите анкетирани од Ројтерс проценуваат дека заработката по акција на компаниите од индексот S&P 500 пораснала во просек за 10,1 отсто во вториот квартал, по растот од 8,2 отсто во претходниот квартал.

И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,13 отсто, на 8.193 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,02 отсто, на 18.472 поени, а париски CAC 0,63 отсто, на 7.627 поени.