Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Снег со слаб интензитет провејува во Крива Паланка, додека пак магла преовладува на патот кон Попова Шапка.
Потсетување: На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за движење на тешки товарни возила, а се препорачува употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.
