Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
На планинскиот превој Плетвар намалена е видливоста од 10 – 20 м поради густа магла.
Слаб снег провејува на П.Шапка.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
