Во 5 часот наутро: Булдожери урнаа дивоградба во Инџиково

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште пред да се раздени, поточно во 5 часот наутро, општинските власти на Гази Баба одлучија да го урнат бесправниот објект во Инџиково.

Со полициска асистенција и булдожери урнат е објект кој беше во карабина-фаза, но според надлежните, со намера да се изгради уште еден кат.

Градоначалникот на општината, Бобан Стефковски, изјави дека инвеститорот продолжил со градежните работи и по официјалната наредба за запирање на изградбата.