Билансот на новозаразени со Ковид-19 во Албанија во последното деноноќие, објавен од Министерството за здравство, е повеќе од негативен.Станува збор за повеќе од 100 нови случаи, бидејќи опасниот вирус е дијагностициран кај 379 лица, додека вчера кај 274.
„Од направените 5.339 тестови вирусот е потврден кај над 7 отсто од нив, при што најголемиот број е во Тирана или 111 новозаразени.Во изминатото деноноќие во списокот на оздравени се внесени 39 а починато е едно лице“, информираше министерството.
Моментно активни на болеста се 2.091 лице, повеќето заразени со делта сојот, а во Инфективната клиника во Тирана болнички се третираат 38 пациенти. Од почетокот на месецов најпогодени се лицата од 20 до 40-годишна возраст.Од почетокот на пандемијата направени се 952.866 тестови, позитивни биле 135.140, зкрепнале 130,588 а починале 2.461.Во земјата продолжува вакцинацијата со која се опфатени околу 1,3 милиони од планираните 2,2 милиони. Она што е посебна карактеристика, по можноста за избор на вакцина, помладите бараат имунизација со вакцинацијата на Фајзер, што го објаснуваат со можноста да патуваат надвор од земјата доколку се вакцинирани со вакцината на оваа компанија.
