Во Берово -3 и во Битола -1, беа градовите каде утрово беа измерени минусни температури, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Струмица, Демир Капија и Тетово беа измерени нула степени, додека во Лазарополе, Прилеп, Крива Паланка и Велес по 1 степен. Во Скопје, Штип, Куманово, Маврово, Гевгелија, Кавадарци и Претор беа измерени два степени, Виница три, додека во Крушево четири степени.
Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
