Во Берово измерени -16 степени, во Битола -13

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ДЗС: Лажни се информациите во врска со апликацијата за самопопишување од странство, досега попишани 22 илјади лица

Динамиката на попишување се одвива успешно. Бројките покажуваат дека досега се попишани над 22.000 лица од дијаспората, соопшти денеска Државниот...

По пукањето во Ѓорче Петров: Биолошките траги од возилото не се од притвореното лице, обвинителството побара да биде пуштено на слобода

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршена е анализа на биолошки материјал – ДНК траги...

Едни ќе ги примаат попишувачите, други не – дали сега е моментот на кој се чекаше 20 години?

Граѓаните или барем оние што ги анкетиравме по случаен избор со поделени мислења. Некои сметаат дека ако се чекало...

Претреси кај две лица во Кавадарци, пронајдена дрога

На 03.03.2021 во 15.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес извршиле преглед над Д.Б.(21) од Кавадарци, при...

Вакцинирани 3 028 здравствени работници, 120 369 граѓани се пријавиле за вакцинација против Ковид-19

Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 3 028 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство. Имунизацијата се...

На територијата на целата земја ноќеска и утрово се измерени минусни температури, а најстудено било во Берово – 16 степени. Во Битола се измерени -13, во Крушево – 12, во Маврово -11, во Крива Паланка и во Виница -10, во Претор -9, во Охрид, Прилеп, Штип и Струмица  – 8, во Тетово и Куманово – 6, во Демир Капија – 5, во Скопје, Гевгелија и Дојран – 4 степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка 31 сантиметар, во Битола 17, во Маврови Анови и Крушево седум, во Охрид и Берово пет, во Претор, Тополчани и Ѓуриште четири и еден сантиметар во Крива Паланка, Тетово, Пожаране, Штип.

Времето денеска сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен претпладне. Максималната температура ќе достигне од -5 до 4 степени.

Во Скопје претпладне ќе има мала до умерена облачност, а попладне ќе биде ведро. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до еден степен.