Низ затворите во Светот постојат секогаш правила и начини како да излезете порано од она што ви е пресудено како казна.
Така некои поради добро однесување добиваат помала затворска казна, некои затвори ги мотивираат затворениците со физичко вежбање, со играње на различни игри, а во Бразил со читање на книги.
Во Бразил може да си намалите казната со читање на книги. Така за секоја прочитана книга (која подоцна треба да ја раскажете), ќе ви се намали затворската казна за 4 дена.
Меѓутоа ова не значи дека ќе може да го избегнете затворот, односно дека со читање на книги ќе се спасите. Максимално „ослободување“ годишно може да добиете само 48 дена, па колку и книги да прочитате.
