Во Букурешт по историја, адетот направен, со вода испратени на европско

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во посебен дрес код и стил го напуштила хотелот каде што престојуваа и тренираа повеќе од две недели пред Европското првенство.

Во просториите на хотелот среќа им посака и првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини, а кога тргна автобусот беше исполнет и еден традиционален обичај во Македонија – фрлија вода по нив.
Иако претходно не му дозволуваа, на аеродромот се сретнаа и ги испрати премиерот Зоран Заев.

Бидејќи земјава нема своја авио компанија, ниту пак поголеми брендирани авиони, репрзентацијата со Croatia Airlines отпатува за Букурешт.

Слета во главниот град, а потоа со посебен брендиран автобус заминаа кон хотелот.

Репрезентативниот табор го одбра Букурешт и стадионот на Стеауа како тренинг база, па таму ќе ги доработи подготовките и ќе ги игра првите два натпревари.
Подоцна, Македонија ќе се упати кон Амстердам за третиот натпревар против Холандија, но доколку коцките се поклопат и се пласира во нокаут фазата, тимот ќе се врати во Букурешт или ќе фати пат за Будимпешта или Лондон.
На 17 јуни Македонија игра против Украина, а потоа се сели во Амстердам, каде што на 21 јуни го има последниот дуел од Ц-групата со Холандија.