Во чест на Бекенбауер, Баерн Минхен го повлече дресот со број 5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Баерн го повлече бројот пет во чест на еден од најдобрите играчи во историјата на клубот, Франц Бекенбауер.

„Бројот пет сега е дел од уникатно наследство. Затоа што нашиот клуб и неговата историја не можат да се замислат без Франц“, изјави претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.

Бекенбауер почина на 7 јануари 2024 година.

Популарниот Кајзер со Баерн четири пати ги освои Бундеслигата и Купот на Германија, три пати Купот на УЕФА, како и Купот на победниците на куповите и Интерконтиненталниот куп.

Со Баварците стана и германски шампион како тренер и го освои Купот на УЕФА.

И како играч и како селектор со Германија стигна до титулата светски првак.