Во чест на митрополитот црногорско приморски Амфилохије, кој утрово почина во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, ѕвоната во сите православни хранови во Црна Гора ќе ѕвонат до неговиот погреб кога ќе биде испратен во неговото вечно почивалиште.
За потсетување, на Амфилохије на 6-ти октомври му е дијагностициран коронавирус, а истиот ден и бил примен во КЦЦГ.
Неговата здравствена состојба во меѓувреме се поправи, а на 20 октомври направените тестови покажале дека е негативен на коронавирус. Вчера, ситуацијата нагло му се влошила и било приметено отежнато дишење.
