Во ClickPlus се зборуваше за сметот во Скопје: „Саботирање на сопствените граѓани“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сметот во Скопје беше една од главните теми во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва.

Дебатиравме со политикологот Борјан Ѓузелов, со професорот Берат Дехари, а наш соговорник беше и Никола Србов, политички аналитичар.

Сите се сложија дека сликата во главниот град не е добра, и дека најмногу страдаат граѓаните поради препукувањата на актуелната градоначалничка Данела Арсовска со ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја продолжи.

„Не ми се јасни директорите на Јавните претпријатија, треба да се запрашаат што им прават на своите сограѓани, и дали е тоа човечки“, изјави Србов.