Во Дебар пристигна хуманитарна помош што е донација од Црвенот крст на Република Северна Македонија.
Помошта се состои во прехранбени артикли, средства за одржување хигиена, ќебиња, душеци, детска, машка и женска облека. Складирана во магацинските простории на дебарската организација на Црвен крст.
-Распределбата ќе почне утре. Помошта е наменета за стари и изнемоштени и инвалидизирани лица, како и семејства кои се во тешка социо – економска состојба. Во распределбата ќе бидат вклучени триесеттина наши волонтери, изјави Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.
Волонтерите на дебарската организација на Црвен крст се активни на терен веќе неколку дена.
Ден по прогласувањето на крзната состојба во општините Дебар и Центар Жупа им притекнаа на помош на лицата кои имаат потреба од храна, лекови и облека во селата Гари и Лазарополе, во подрачјето на Мала Река, потоа во селото Мелничани, како и на четворица возачи, кои со товарани возила останаа заглавени кај Бошков Мост.
