Во денешниот протест во Софија повредени девет полицајци – двајца демонстранти приведени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сумирајќи го денешниот протестен ден во Софија,бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека неговите претставници го одржаа јавниот ред и мир во главниот град, не дозволија посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и го  спречија влезот во зградата на Народното собрание.

Пред почетокот на протестот, полициските службеници привеле две лица, едно 32-годишно лице кај кое било пронајдено оружје на гас, и еден 53-годишник во чиј автомобил биле пронајдени муниција и пиротехнички средства.

Околку Народното собрание во попладневните часови неколку пати дојде до ескалација на тензијата, а полицајците успеале да го спречат обидот за влез во зградата на Народното собрание. Во интервенцијата биле повредени девет униформирани лица, кои се пренесени во болниците на преглед и лекарска помош.

МВР соопшти дека за да ја покажат потребата од зачувување на јавниот ред и мир, полициските службеници вклучени во безбедноста на парламентот не беа опремени со заштитни шлемови и штитови. Меѓутоа, нивната порака не беше разбрана и во раните попладневни часови дојде до судири меѓу полициските службеници и дел од демонстрантите. Полицијата упати повика до учесниците на протестот своето мислење да го искажат на мирен начин и без нарушување на јавниот ред.