Во двор од семејна куќа пронајден починат 68-годишен скопјанец – телото предадено на обдукција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 30.09.2025 во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево бил пронајден починат Љ.Т.(68) од Скопје.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.