Во експлозија во ресторан во Лион повредени се три лица, од кои две потешко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку три лица се повредени, од кои две потешко, по експлозија што се случи денес во ресторан во Лион, објави порталот „Акту Лион“.

Инцидентот се случил околу 11:30 часот, а експлозијата наводно се случила во ресторанот „Казабеа“, во вториот арондисман на Лион, пренесува „BFM TV“.

Според првичните информации, повредени се три лица, од кои две потешко. 

Зградата не беше евакуирана, додека на лице место беа ангажирани околу 40 пожарникари.