Манолис Пилавов, поранешниот градоначалник на Луганск под администрација на самопрогласената Луганска Народна Република, руска парадржава на територијата на Украина, загина во експлозија во центарот на градот, пренесува Тасс.
Експлозијата се случила на улицата „Тарас Шевченко“ во Луганск околу 11:52 часот по московско време. Како што подоцна објави владата на ЛНР, едно лице загинало, а тројца биле повредени. Експлозијата се случила на влезот од зграда во центарот на градот.
Рускиот воен аналитичар Андреј Марочко за Тас изјави дека украинските специјални служби биле вмешани во експлозијата во која загина поранешниот руски лидер на Луганск.
