Грчката полиција учествуваше заедно со германските, полските и шпанските сили во заедничка европска операција за време на која во Грција беа откриени повеќе од 230 украдени автомобили со лажни регистарски таблички, објавија денес грчките медиуми.
Операцијата наречена „JAD Mobile 8“, спроведена од 20 до 31 октомври, е дел од планот Емпакт во рамките на поширока европска акција координирана од Европската агенција за гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС, објави „Катимерини“.
Како што е наведено, во акцијата учествуваа околу петнаесет земји од ЕУ, како и трети земји како што се Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија и Швајцарија, како и претставници на Европол и Интерпол.
