Во Хрватска не смее да се објавува местото и времето на погребите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хрватска донесе строги мерки за спречувaње на ширење на коронавирусот. Така, како што објавува порталот „Индекс“, може да се објавува некролог, но во него не смее да стои местото и времето на погребот

Погребите ќе се одржуваат само во најтесниот круг на семејството.

Тоа се најновите мерки кои Хрватска ги донесе за спречување на ширење на коронавирусот.

Исто така забранета е достава на свеќи и цвеќиња, а сите кои ќе бидат на погребот, не смеат да имаат покачена температура.