Во иднина ќе купуваме со дланка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Билетите од хартија за концерти, изложби и кина полека заминуваат во историјата. Денеска повеќемината купуваат на интернет, и се губи полека традиционалната хартиена карта за влез, а наместо тоа се добиваат кодови со кои влегувате на настанот.

Но, што во случај да ви снема батерија на мобилниот телефон или го заборавите дома?

За такви ситуации решение има Амазон, иако малкумина ќе сакаат да го применуваат. Американскиот гигант во своите продавници во кои нема благајни, овозможил плаќање со дланка користејќи ја технологијата Амазон Оне.

Од компанијата сметаат дека ова ќе биде иднината на плаќањето и купувањето на производи.